Манчестер јунајтед го претстави првото засилување во ерата на Тен Хаг

Холандскиот репрезентативец Тајрел Маласија е нов играч на Манчестер јунајтед за следната сезона. Тимот од „Олд Трафорд“ го промовираше Маласија како прво засилување во ерата на новиот тренер Ерик тен Хаг.

Маласија доаѓа од екипата на Феенорд и ќе биде конкуренција на Лук Шоу на позицијата лев бек. Англискиот гигант за овој трансфер ќе одвои 15 милиони евра, а на контото на Феенорд ќе стигнат и дополнителни пари во облик на бонуси.

Тајрел има одиграно 136 меча за Феенорд, а во дресот на холандската репрезентација има пет настапи.

- Оглас -

Најнови вести