Манчестер јунајтед го продаде Фелаини

Белгискиот репрезентативец Маруан Фелаини ја заврши авантурата во Манчестер јунајтед. Играчот од средината на теренот е продаден за 12 милиони евра, и тоа на кинескиот Шандонг Луненг.

Фелаини потпиша договор со кинескиот тим до 2021 година, период во кој треба да добие 13 милиони евра. Белгиецот одигра 177 меча во дресот на „црвените ѓаволи“ и успеа да постигне 22 гола, но откако на тренерското столче седна Оле Гунар Солскјер, за него едноставно заврши кариерата во дресот на најтрофејниот англиски клуб.

Интересно е што Фелаини беше првото големо засилување за Манчестер јунајтед по заминувањето на Сер Алекс Фергуосн од тренерската клупа. Во 2013 година, во летниот преоден рок Фелаини дојде во Манчестер за сума од 30 милиони евра. Откако беше решено дека ќе си замине од Манчестер, за него се интересираа и Порто и Милан, но на крајот беше одлучено кариерата да ја продолжи дури во Кина.

Во Кина денеска беше претставен и Сандро Вагнер. Повремениот германски репрезентативец го раскина договорот со Баерн Минхен и се пресели во редовите на кинескиот клуб Тијанџин ТЕДА. 

- Оглас -

Најнови вести