Манчестер јунајтед и Њукасл ќе играат за трофејот во Лига купот (Видео)

Фудбалерите на Манчестер јунајтед славеа и во полуфиналниот реванш-натпревар од Лига купот против Нотингам форест и си закажаа финална пресметка со Њукасл.

Црвените ѓаволи вечерва пред своите гледачи славеа со 2:0 и со вкупен резултат 5:0 беа подобри од поранешниот европски шампион.

Јунајтед до победата дојде во второто полувреме, а двата гола ги постигна за три минути. Прво Антони Марсијал во 73-тата минута го отвори резултатот, а три минути подоцна Фред го завери пласманот во финалето на Лига купот.

Големи заслуги за победата има и Маркус Рашфорд бидејќи асистираше при постигнувањето на двата гола.

Противник на Манчестер јунајтед во финалето ќе биде Њукасл, кој во полуфиналната пресметка беше подобар од Саутхемптон.

- Оглас -

Најнови вести