Манчестер јунајтед игра ѓаволски добро, ама само во вторите полувремиња (Видео)

Вест Хем доминираше, водеше со 1-0 и редеше шанси во првото полувреме на дуелот со Манчестер јунајтед, а потоа на стартот на вториот дел во игра кај гостите влегоа Бруно Фернандеш и Маркус Рашфорд, и сликата се смени. Од 65-та до 78-ма минута, Црвените ѓаволи кои овојпат играа во црно-бели дресови, дадоа три гола и ги нокаутираа лондонски Чекани.

Португалецот Бруно Фернандеш го изедначи рекордот на Енди Кол од 26, по бројот на голови и асистенции на првите 24 меча во Премиерлигата. Бруно има 15 гола и 11 асистенции, додека Кол имаше 22 гола и 4 асистенции на првите 24 меча во премиерлигашката кариера.

Јунајтед стана прв тим по Лидс од 2001 година кој на девет гостувања по ред дава барем два гола. Тимот на Манчестер второ коло по ред победува со пресврт по негатива на полувреме, а трето коло по ред победничкиот гол го дава во вторите 45 минути.

Ова е убавиот гол на Пол Погба за 1-1 и погодок кој го збуни противникот и го најави пресвртот:

https://twitter.com/i/status/1335301562659442689

- Оглас -

Најнови вести