Манчестер јунајтед ќе понуди 20 милиони евра за напаѓач на Севилја

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед сериозно размислува да испрати понуда вредна 20 милиони евра до Севилја за напаѓачот Јусеф Ен-Несири, пренесуваат медиумите на Островот. 27-годишниот Мароканец има само уште една година од договорот и би сакал да се испроба во Премиер лигата, а тимот од Андалузија не е во позиција да има сериозни финансиски барања за да го задржи во клубот.

Новите менаџери за фудбалски операции кај „црвените ѓаволи“ од компанијата „Инеос“ како една од главните трансфер цели ставија приоритет на нов напаѓач. Идејата е да се отстрани дел од товарот што падна на плеќите на сѐ уште младиот Расмус Хојлунд минатата сезона, кога практично беше единствениот избор по повредата на Ентони Марсијал, кој веќе го напушти „Олд Трафорд“.

Ен-Несири е проценет како добра опција бидејќи може да игра и во центарот на нападот и на двете крила, а покажа и добар успех при реализацијата на шансите. Минатата сезона постигна 16 гола, иако Севилја заврши само на 14. место на табелата во Ла Лига.

 

- Оглас -

Најнови вести