Манчестер јунајтед купува двајца играчи за 160 милиони евра

Манчестер јунајтед е пред реализација на два трансфери чија вкупна вредност ќе биде 160 милиони евра. Како што е најавено, на „Олд Трафорд“ во најскоро време треба да пристигнат Хари Мегваер од Лестер и Бруно Фернандеш од Спортинг.

Англискиот репрезентативец треба да ја засили одбраната на Манчестер, а со тоа да стане и дефанзивецот со најскап трансфер. Заедно со бонусите, доаѓањето на Мегваер ќе изнесува 90 милиони евра, со што ќе биде надминат рекордот на Матајс де Лихт, кој минатата недела за вкупно 85 милиони евра направи трансфер од Ајакс во Јувентус.

Во средниот ред засилување треба да биде Бруно Фернандеш. Тоа е играчот кој минатата сезона беше најдобар стрелец во Европа, кога се работи за фудбалери кои играат во средниот ред. Манчестер е подготвен да плати 70 милиони евра на Спортинг за португалскиот репрезентативец.

Манчестер досега потроши 67 милиони евра за доведување на Арон ван Бисак од Кристал палас и Даниел Џејмс од Свонси.

 

- Оглас -

Најнови вести