Манчестер јунајтед му ја исполни и шестата желба на Тен Хаг, донесен е топ-голман

Манчестер јунајтед потврди дека нивен нов голман е Словакот Мартин Дубравка, кој доаѓа од Њукасл.

Дубравка, кој има 127 настапи во Премиер лигата, ќе биде позајмен на една сезона, со можност за откуп на неговиот договор наредното лето. За позајмицата Јунајтед плати 2 милиони фунти, а во случај на откуп, ќе мора да доплати уште 6 милиони.

Инаку, Словакот ќе му биде резерва на Давид де Хеа, но и во Њукасл беше резерва, па реши дека е подобро да биде во Манчестер.

Дубравка е шестото ново име кај Црвените ѓаволи после Лисандро Мартинес, Тајлер Маласија, Каземиро, Кристијан Ериксен и Антони.

- Оглас -

Најнови вести