Манчестер јунајтед подигнал кредит од 140 милиони фунти

Премиерлигашот Манчестер јунајтед подигнал позајмица од 140 милиони фунти, пари кои му требаат на клубот за да купи засилувања во следниот трансфер-период.

Минатата недела беше објавено дека Црвените ѓаволи имаат огромен долг од 430 милиони фунти, но и покрај тоа, решија да земат кредит од 140 милиони, кој ќе треба да го отплатат до април 2025 година. Со овие пари клубот треба да ја стабилизира финансиската ситуација бидејќи во периодов без натпревари и без приходи од продадени билети, Јунајтед е еден од најпогодените од корона-кризата. Манчестер го има најголемиот стадион во Премиер лигата, просечно продава најмногу билети и сега кога тие приходи ги нема, ситуацијата не е поволна.

На листата на желби како засилувања за тимот на менаџерот Оле Гунар Солскјер се Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, Џек Грилиш од Астон вила и Муса Дембеле од Лион.

- Оглас -

Најнови вести