Манчестер јунајтед понудил 100 милиони евра за играч на Барселона, но Каталонците бараат 170 милиони евра

Манчестер јунајтед летово сака да доведе млад играч кој би требало да биде ударна игла во следните неколку години за Црвените ѓаволи. Прва опција беше Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, но сепак речиси невозможно е ѕвездата на Милионерите да дојде на „Олд Трафорд“. Германскиот тим најави дека не планира да го продаде Санчо за сума под 120 милиони евра, па Манчестер тргна кон друга млада ѕвезда.

Најавите од Шпанија велат дека Манчестер јунајтед ќе се обиде да го доведе Ансу Фати од Барселона. Пред неколку дена од Манчестер јунајтед на „Камп ноу“ пристигнала понуда вредна 100 милиони евра за откупување на договорот на Фати. Иако се работи за одлична сума, од каталонскиот гигант веднаш ја одбиле оваа понуда. Барселона за Фати бара 170 милиони евра.

Фати има само 17 години и сезонава дебитираше во сениорскиот тим на Барселона, покажувајќи го целиот свој талент. Во 24 одиграни меча сезонава, Фати постигна и пет голови, што е одличен биланс за талентираниот тинејџер кој очигледно вреди колку и дел од најскапите и најдобрите фудбалери во светот.

Од Барселона најавија дека не планираат да го продадат Фати и планираат да му понудат нов договор според кој откупната клаузула ќе му биде 400 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести