Познатиот новинар Дејвид Орнштајн објави информација дека раководството на Манчестер јунајтед одлучило да го задржи Ерик Тен Хаг како главен тренер, а на тоа се надоврза и експертот за трансфери, Фабрицио Романо, кој ја потврди информацијата и ја наведе главната причина за оваа одлука.
Шефовите на Црвените ѓаволи биле задоволни од работата на 54-годишниот Холанѓанец со младите и му дале доверба да остане на клупата за да продолжи да им дава шанса за напредок и развој на Алехандро Гарначо и Коби Мајно.
Клубот сака да продолжи со концептот на „доверба на младите“ и затоа Тен Хаг ќе остане да работи во Јунајтед, и покрај лошиот пласман во Премиер лигата сезонава. Освојувањето на ФА купот со победа над Манчестер сити во финалето исто така имало влијание врз одлуката и значително ги подобрило шансите на Тен Хаг да остане.