Манчестер јунајтед се засили со репрезентативец на Гибралтар

Тинејџерот Џејмс Сканлон го потпиша првииот професионален договор до тимот на Манчестер јунајтед. Овој 17-годишен талентиран фудбалер е дел од школата на Манчестер и негова најприродна позиција му е средината на теренот како играч за врска.

Сканлон е роден во Англија, но од мајчина страна доби право да игра за репрезентацијата на Гибралтар, каде веќе одигра две средби. Талентираниот играч имаше забележителна сезона во тимот на Манчестер јунајтед за играчи до 18 години, каде во 12 меча постигна осум гола, а имаше и три асистенции. Настапуваше и за тимот до У21 за Црвените ѓаволи, а од следната сезона ќе има шанса да дебитира и за сениорскиот состав.

 

- Оглас -

Најнови вести