Манчестер јунајтед танцува на дождот на „Олд Трафорд“ во дуелот на европски шампиони (Видео)

Манчестер јунајтед одигра одлично прво полувреме во тешки услови на „Олд Трафорд“ и води со 2:0 против Нотингам форест.

Во дуелот на два поранешни европски шампиони, домаќините многу подобро сè снајдоа на поројниот дожд што врне во Манчестер и со головите на Маркус Рашфорд и на Ентони Марсијал имаат голема предност пред продолжението на мечот.

Во 19-тата минута, одлична акција изведоа Ериксен и Рашфорд, Данецот од корнер по земја го проигра англискиот репрезентативец, а овој лесно погоди за 1:0.

Голот на Рашфорд можете да го погледнете ОВДЕ.

Не мина долго време, а Манчестер веќе водеше со 2:0. Во 22-рата минута, Рашфорд беше во улога на асистент, а погоди Марсијал за дуплирање на предноста.

Голот на Марсијал можете да го погледнете ОВДЕ.

Ова е прв дуел во Премиер лигата на двата поранешни европски шампиони од 1999 година, или сефте меч во овој век.

 

 

- Оглас -

Најнови вести