Манчестер јунајтед во последниот час од преодниот рок доведе напаѓач!

Одион Игало кој досега го носеше дресот на кинескиот тим Шангај Шенуа, е нов играч на Манчестер јунајтед. Црвените ѓаволи успеале да договорат шестмесечна позајмица за нигерискиот напаѓач.

Искусниот 30-годишен голгетер треба да биде замена за повредениот Маркус Рашфорд. Игало веќе три години е во Кина, а пред да замине на Далечниот Исток имаше искуство и во Премиер лигата, затоа што го носеше дресот на Вотфорд. Претходно Игало има настапувано и за Удинезе, Гранада и Лин. Во Премиер лигата за Вотфорд во 61 меч даде 19 погодоци.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести