Манчестер јунајтед за него плати 85 милиони фунти, а сега го отстрани од тимот поради психички проблеми

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, изјави дека во наредниот период нема да смета на Џејдон Санчо сè додека не биде физички и психички подготвен за игра.

Англискиот репрезентативец кој за 85 милиони фунти плус дополнителни бонуси во 2021 година пристигна на „Олд Трафорд“ од Борусија Дортмунд, не ги оправда очекувањата на навивачите, на управата и на менаџерот Тен Хаг.

Поради слабите игри и губењето на местото во првиот тим, Санчо западна во физички и психички проблеми, поради што не е во можност да одговори на барањата на Тен Хаг и е отстранет од првиот тим на Црвените ѓаволи, шпекулираат англиските медиуми.

„Сакаме да го вратиме Џејдон што е можно поскоро, но не можам точно да предвидам кога ќе биде тоа. Тој не подготвен за настап ниту физички ниту психички“, изјави Тен Хаг.

- Оглас -

Најнови вести