Манчестер јунајтед ќе го откупи Игало

Манчестер јунајтед одлучи да го задржи Одион Игало и по завршувањето на позајмицата од кинекиот клуб Шангај Шенхуа. Црвените ѓаволи ќе платат 15 милиони фунти за нигерискиот голгетер за привремениот трансфер на „Олд Трафорд“.

Иако позајмицата му завршува на крајот од мај, еден месец порано пред останатите позајмици кои се договораат во фудбалот, Игало ќе остане триесет дена дополнително во исчекување на одлуката Премиер лигата да започне со натпреварување. Во зависно од тоа како ќе се одвиваат настаните со првенствата, ќе се одреди и стартот на летниот преоден рок, а тогаш Јунајтед целосно ќе го откупи договорот на Игало, иако неговиот ангажман првично беше планиран како привремено решение.

Трофејниот англиски клуб моментално плаќа дел од платата на Игало која изнесува 300.000 фунти, па би требало да прифати помала сума како услов при перманентниот трансфер. Инаку Игало во осум меча во сите натпреварувања придонесе со четири гола и една асистенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести