Манчестер сака да купи играч кој заработува 145 фунти неделно

Џад Белингам е 16-годишен играч на Бирмингам за кого официјално интерес покажува Манчестер јунајтед. Талентираниот играч за врска е стандарден во првиот тим на екипата која се натпреварува во Шампиопнат лигата и досега во 25 меча даде четири гола. Таквите бројки и игрите кои ги покажува беа причина за гигантот од „Олд Трафорд“ да се фокусира на негово купување.

Манчестер јунајтед верува доведувањето на Белингам ќе биде инвестиција за иднината. Понудата која е упатена е 25 милиони фунти, но Бирмингам побарал пет милиони повеќе.

Тинејџерот кој настапува и за младинската селекција на Англија до 17 години моментно има неделна плата од 145 фунти (школарина за 16-годишникот). На 29 јуни тој ќе наполни 17 години и ќе може да го потпише и првиот професионален договор, па платата ќе му биде многу поголема.

- Оглас -

Најнови вести