Сити има нов опасен тандем – Стерлинг и Торес го прегазија Барнли (Видео)

Рахим Стерлинг и Феран Торес е новиот опасен напаѓачки тандем кај Манчестер сити, а двајцата офанзивци одлично соработуваа на дуелот од Лига купот против Барнли. Постигнаа вкупно три гола и имаа две асистенции на „Турф Мор“ во Барнли.

Англискиот репрезентативец постигна два гола во победата од 3:0 на фаворитот, а летното засилување од Валенсија, Феран Торес, го постигна деби голот за новиот клуб, а претходно и одлично му асистираше на двојниот стрелец Стерлинг.

Шпанецот досега одигра само 37 минути на два натпревари за Сити во Премиер лигата, но и одигра комплетно два меча во популарниот ЕФЛ куп.

Вечерва беше импресивен и потврди дека може да биде големо засилување за екипата што е еден од фаворитите за титулата во Англија. Торес има само 20 години, а во август годинава потпиша 5-годишен договор со Сити за сума од 23 милиони евра.

Стерлинг е веќе староседелец во Манчестер сити, клубот за којшто игра од 2015 година.

- Оглас -

Најнови вести