Манчестер сити – Атлетико Мадрид е најверојатно осминафинале

Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите ќе се извлече во понеделник, а според некои математички пресметки, најголеми шанси да бидат извлечен еден против друг имаат Манчестер сити и Атлетико Мадрид. Компјутерски пресметано е дека шансите овие два тима да бидат една од осумте двојки е дури 28,9 проценти.

Бидејќи во осминафиналето не може да се сретнат екипи од иста земја и екипи кои играле во иста група во првата фаза, Сити нема голем избор. Можни ривали му се Атлетико, Рома, Шалке и Ајакс. Пресметките кажуваат дека Ајакс е клуб кој има најмали шанси да му се падне некому веројатно затоа што е клуб кој може да има седум можни противници. Па така, шансите за извлекување на двојка Ајакс против Порто се само 11,7 проценти.

Во осминафиналето одат четири тима од Англија, по три од Шпанија и Германија, по два од Италија и Франција, а по еден од Холандија и Португалија.

Бранителот на титулата, Реал Мадрид, има по 17 отсто шанса да се падне со Манчестер јунајтед, Тотенхем, Ливерпул, Шалке и Лион, а 13,5 отсто шанси против Ајакс.

Шалке е клуб кој лесно би можел да се падне со Реал, ПСЖ или Барса, а Атлетико може да налета и на Јувентус или на ПСЖ. За Атлетико најлесен противник би бил Порто. Најнејасна е ситуацијата кај Борусија Дортмунд, која има подеднакви шанси да ги добие Манчестер, Тотенхем, Ливерпул или Лион, а помалку веројатно Рома или Ајакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести