Манчестер сити дури 275 меча не бил толку очаен како против Саутхемптон

Манчестер сити е елиминиран од Лига купот на Англија откако синоќа со 2:0 загуби на гостувањето кај Саутхемптон. Граѓаните делуваа немоќно и не само што не успеаја да постигнат гол, туку воопшто не упатија удар во рамките на голот на домаќините. Сите седум удари на фудбалерите на Сити беа надвор од рамките на голот, па со тоа беше поставен еден неславен рекорд на англискиот првак.

По пауза од 275 меча во низа на кои играчите на Сити имале барем еден удар во рамките на голот, синоќа не шутнаа прецизно ниеднаш. Точно 1.743 дена поминаа од дуелот во април 2018 година, кога Сити загуби со 3:0 од Ливерпул и тогаш не упатија ниту еден прецизен удар во рамките на голот на ривалот.

„Ова беше лош меч за нас. Противникот играше подобро и затоа треба да им честитаме. Ние не заслуживме да одиме понатаму“, рече Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести