Манчестер сити е на 15 меча од подвиг каков што никој нема направено

Манчестер сити утре им се враќа на обврските во Премиерлигата, а тимот е на 15 меча од невиден историски потфат, освојување на четири титули во сите натпреварувања во кои учествуваат сезонава. Тимот е со шанса за трофеј во дури четири различни натпреварувања.

Тимот го зеде пехарот од Лига купот во Англија, има два бода помалку од Ливерпул и еден меч помалку во Премиерлигата, во ФА купот игра полуфинале со Брајтон, а во Лигата на шампионите му претстои четвртфинале со Тотенхем.

Само два тима на 30 март имале шанса за комплетирање на „покер“. Тоа се Челзи од 2007 и Манчестер јунајтед од 2009. Надежите на Челзи ги снема на 1 мај кога исшаднаа на пенали од Ливерпул во полуфиналето на ЛШ, додека Јунајтед на 19 април испадна на пенали од Евертон во полуфиналето на ФА купот, а подоцна загуби и од Барселона во финалето на ЛШ.

Тренерот Пеп Гвардиола со Барселона освои шест трофеи во 2009 година, и има искуство од доминација, иако во Шпанија нема два купа. Селтик во 1967 година успеа да ги освои Купот на шампионите, шкотската лига и двата купа во својата земја.

Пресметано е дека шансите за „четири круни“ се 9 проценти. Во ФА купот се фаворити и им се даваат 79 отсто шанси, во Премиерлигата високи 59 иако имаат силна конкуренција во Ливерпул, а засега 20 проценти имаат шанса да освојат ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести