Манчестер сити ја демонстрираше силата во Премиер лигата со нова победа, 15-та по ред во англиското првенство и вкупно 21-ва во сите натпреварувања, откако ги прегрме сите закани вечерва против незгодниот Вулверхемптон.
По апсолутната доминација цел час на свој терен и предноста од 1:0 со автоголот на Дендонкер од 15-тата минута, Коуди успеа да израмни на 1:1 и да се закани дека Волците можат да ја прекинат блескавата низа од победи на лидерот во Премиер лигата.
Сепак, играчите на Манчестер сити покажаа дека се моќна екипа, непобедлива во 2021 година и со погодокот на Габриел Жезус во 80-тата минута го одбија нападот на гостите и славеа нов триумф.
Во самиот финиш на мечот Ријад Марез и Габриел Жезус со два гола ја потврдија новата победа на Манчестер сити, со која се зацврстија на врвот на табелата со 65 бода, 15 повеќе од Манчестер јунајтед со меч повеќе.