Манчестер сити е среќен што Мбапе ќе потпише за Реал Мадрид

Килијан Мбапе налето ќе го напушти ПСЖ и повеќе од сигурно ќе потпише за Реал Мадрид, а оваа одлука освен навивачите на Кралевите, ги израдува и управата и навивачите на Манчестер сити.

Причина за тоа е што Кралевите налето нема да тргнат по напаѓачот на Граѓаните, Ерлинх Халанд, кој исто така се наоѓа на списокот на потенцијални засилувања на претседателот Флорентино Перес.

„Во Манчестер сити почувствуваа олеснување поради податокот дека Килијан Мбапе
ќе го напушти ПСЖ и ќе потпише за Реал Мадрид. Со ова се затвора можноста Ерлинг ова лето да го напушти Сити“, изјави францускиот новинар Жулијан Лоренс.

Оваа изјава на Лоренс доаѓа само неколку дена откако Халанд не ја отфрли можноста да се пресели во Ла Лига во блиска иднина.

- Оглас -

Најнови вести