Манчестер сити го понижи Лајпциг, голманот Бласвих ќе го сонува Халанд (Видео)

Манчестер сити со убедливи 7:0 го совлада Ред Бул Лајпциг во реванш-натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите, а ѕвезда на вечерта беше Ерлинг Халанд, кој продолжува да испишува историја.

Неверојатниот Норвежанец даде дури пет од седумте гола на Граѓаните и стана третиот фудбалер во историјата на ЛШ со вакво достигнување.

Пред него, пет гола на еден натпревар во елитното европско натпреварување дале Луис Адријано во дресот на Шахтар Доњецк против Бате Борисов, и тоа во групната фаза, како и Лионел Меси додека беше член на Барселона, и тоа против Баер Леверкузен во нокаут-фазата.

Дилемите околу победникот на „Етихад“ беа решени во првото полувреме, кое Граѓаните го добија со 3:0, и тоа благодарение на головите на Халанд. Норвежанецот во 21-вата, во 24-тата и во 45-тата минута ја тресеше мрежата на Бласвих.

Во вториот дел даде уште два гола, а по еден дадоа Илкај Гундоган и Кевин де Бројне за убедлив триумф на Сити од 7:0, кој со вкупни 8:1 обезбеди пласман во четвртфиналето.

Манчестер сити ја израмни најубедливата победа во европските купови, а Лајпциг го доживеа најубедливиот пораз во Европа.

 

Интер успеа да се одбрани од нападите на Порто и на типичен италијански начин ја зачува предноста од првиот натпревар.

На реваншот што се играше на стадионот „Драгао“, Порто и Интер одиграа без голови, но Нераѕурите продолжуваат во четвртфиналето бидејќи славеа со 1:0 во првиот натпревар.

- Оглас -

Најнови вести