Манчестер сити го постигна можеби голот на сезоната во Англија, Граѓаните се на дофат на ЛШ (Видео)

Манчестер сити забележа многу важна победа во трката за место кое води во Лигата на шампионите за следната сезона откако со 3:1 на свој терен го победи Борнмут. Уште во првото полувреме Сити постигна два гола и потоа до крајот рутински не само што ја сочува предноста туку постигна и трет гол за три важни бода, во пресрет на последното коло.

Со оваа победа Сити сега има 68 бода и се искачи на третото место на табелата, но уште не е стоотсто сигурен патник во ЛШ за следната сезона. Њукасл е четврти со 66 бода, а толку имаат и Челзи и Астон вила на петтото и шестото место. Со свои калкулации е и Нотингам, кој е седмопласиран со 65 бода.

Во 14-тата минута Омар Мармуш изведе „магија“ откако успеа да постигне гол со шут од 35 метри. Египетскиот голгетер погоди токму во небранетиот простор за голема радост на фановите на Сити. Фантастичниот погодок на Мармуш може да го видите ТУКА.

Бернардо Силва зголеми на 2:0 во 38-мата минута по одличното додавање на Илкај Гундоган. Овој погодок на Силва може да го видите ТУКА.

Во вториот дел играта спласна, а во финишот на средбата гол даде и Нико Гонзалес за 3:0, а гостите постигнаа почесен погодок буквално во последните секунди од мечот.

Во вториот меч кој се игра вечерва, Кристал палас на свој терен со 4:2 го победи Вулверхемптон.

 

- Оглас -

Најнови вести