Манчестер сити и Ливерпул? Руни одбра кој сака да биде шампион на Англија

Вејн Руни, легендарниот голгетер на Манчестер јунајтед, се надева дека Манчестер сити ќе стане првак на Англија за да не мора да ги гледа навивачите на Ливерпул како слават титула. Руни моментно игра во ДЦ јунајтед во САД, но и покрај тоа, воопшто нема да му биде мило ако најголемиот ривал Ливерпул стигне до шампионскиот пехар во Премиер лигата.

Навивачите на Манчестер јунајтед се во незавидна ситуација бидејќи Ливерпул им е најголем противник, а Сити им е градски ривал и може да се случи во нивниот град да се слави трофејот, а тоа да не биде на „Олд Трафорд“.

„Се надевам дека Манчестер сити ќе стане шампион. Нема да ми биде воопшто пријатно да ги гледам навивачите на Ливерпул како се радуваат. Се сеќавам како беше во 2005 година, кога Ливерпул стана европски првак. Нивните навивачи уште ја зборуваат таа титула. Ако сега станат прваци на Англија, ќе треба да ги слушаме да зборуваат за тоа во следните 10-15 години“, вели Руни.

Моментно Ливерпул е лидер на табелата со 76 бодови од 31 меч, додека Манчестер сити е второпласиран со 74 бодови, но има и натпревар помалку.

 

- Оглас -

Најнови вести