Манчестер сити и официјално во следните неколку месеци ќе биде без капитенот

Предводникот на теренот на Манчестер сити, Кевин де Бројне, и дефинитивно ќе паузира во следните неколку месеци. Ова го потврди тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола.

Проблемите со Де Бројне започнаа во јуни, и тоа за време на финалето на Лигата на шампионите, кога се повреди и мораше да биде заменет. Белгиецот паузираше цело лето и не настапи на ниту еден од контролните мечеви на Сити.

Де Бројне се појави на теренот на 6 август, во дуелот од Комјунити шилд против Арсенал, кога влезе во игра во второто полувреме. На дуелот против Брајтон, капитенот беше во стартниот тим, но одигра само 23 минути кога повторно се пожали на повреда и мораше да биде заменет.

„Повредата е сериозна. Треба да решиме дали ќе има операција или не, но во секој случај нема да може да игра во следните неколку месеци. Во наредните неколку дена ќе се одлучи дали ќе има операција, но сигурно е дека Кевин нема да игра во следните три-четири месеци“, откри Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести