Манчестер сити имаше милост кон Бартон во реваншот

Манчестер сити имаше милост кон Бартон и не ја повтори голеадата од првиот меч кога славеше со 9-0, но повторно победи и во реваншот, вечерва на гости со 1-0.

Со убедлив вкупен резултат од 10-0, шампионот на Англија успеа да се избори за меч за титулата, а го чека подобриот од второто полуфинале меѓу Челзи и Тотенхем. Тој меч ќе се игра утре, а првиот дуел го доби Тотенхем со 1-0.

Вечерва Серхио Агуеро ја донесе одлуката за победникот во реваншот со гол во 26-тата минута. Бартон не дозволи нов бродолом и успеа порамноправно да му се спротивстави на ривалот од првиот меч, кој го загуби со неверојатни 9-0.

- Оглас -

Најнови вести