Манчестер сити ќе биде аутсајдер против Челзи – Граѓаните имаат петмина заразени со Ковид-19

Манчестер сити ќе биде аутсајдер против Челзи во англиското дерби од 17. коло во Премиерлигата, а причината се проблемите со корона-вирусот.

Популарните Граѓани не го одиграа мечот од претходното коло против Евертон, а сега имаат нови тројца фудбалери со позитивен тест на Ковид-19.

За Кајл Вокер и за Габриел Жезус веќе беше познато дека се заразени со корона-вирус, но има и нови случаи со позитивни наоди.

„Премиерлигата не дозволува да ги објавиме имињата, но имаме уште тројца со позитивен тест на Ковид-19. Изолирани се во карантин. Идентитетот на играчите не може да се сокрие, бидејќи нема да бидат на списокот со патници за Лондон“, вели Гвардиола.

Натпреварот со Челзи ќе се игра и покрај проблемите на Манчестер сити, а дербито е на распоред во недела од 17.30 часот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести