Манчестер сити ќе биде уште помоќен, им се приклучи „Пума“ за 650 милиони фунти

Познатиот спортски бренд „Пума“ му се приклучи на спонзорскиот пул на Манчестер сити, а двете страни се договорија за 10-годишна соработка што ќе ја наполни касата на англискиот шампион за неверојатни 650 милиони фунти.

Договорот ќе почне да се реализира од први јули, а деби со опремата на „Пума“ популарните граѓани ќе имаат на закажаната турнеа низ Азија.

Ова е вториот најскап договор меѓу клуб од Премиер лигата и производител на спортска опрема, а ги опфаќа сите клубови од „Сити груп“, освен Јокохама Маринос и Њујорк сити, кои имаат договор со „Адидас“.

- Оглас -

Најнови вести