Манчестер сити потврди дека има заразен играч, дербито со Челзи ќе се игра

Манчестер сити на неколку часа пред почетокот на дербито со Челзи, потврди дека двајца нивни членови, од кои едниот фудбалерот Ерик Гарсија, се позитивни на коронавирус. Гарсија кој е повреден и секако немаше да игра против Челзи, и другиот вработен во клубот, се во самоизолација и не отпатуваа во Лондон, па средбата со Сините без проблеми може да биде одиграна.

Младиот Гарсија за кого се зборува дека кариерата ќе ја продолжи во Барселона, за Граѓаните одигра седум меча сезонава од кои три во Премиерлигата. Ерик е шестиот играч на Сити кој беше инфициран со Ковид-19. Поради сличен проблем, беше одложен дуелот на Сити со Евертон, но овојпат не е таков случајот и тимот на менаџерот Гвардиола ќе гостува на „Стемфорд бриџ“ од 17.30 часот.

После денешниот меч со Челзи, на Манчестер сити му претстои градско дерби со Јунајтед в среда во полуфиналето на Лига купот. Утре во Манчестер сити ќе направат нови тестирања.

- Оглас -

Најнови вести