Манчестер сити сака да биде англискиот дрим-тим – Ќе потроши 250 милиони евра за двајца репрезентативци на Гордиот Албион

Манчестер сити сака да биде англискиот дрим-тим што ќе атакува на сите титули, а според медиумите во Велика Британија, подготвени се да потрошат 250 милиони евра за да ги ангажираат Хари Кејн и Џек Грилиш.

Двајцата репрезентативци на Англија би биле огромни засилувања за актуелниот првак и одлична најава и за атака на европскиот трон, на кој се наоѓа големиот ривал од Премиер лигата, Челзи.

Грилиш веројатно и ќе се пресели во Манчестер сити бидејќи Астон vила тешко ќе одбие понуда од над 100 милиони евра, а со Кејн трансферот е покомплициран.

Првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви, не сака да засили ривал од Премиер лигата со својот најдобар играч, па иако понудата на Манчестер сити е баснословна, тешко ќе попушти.

Можеби клучна ќе биде желбата на Кејн да игра за тим што може да конкурира за титулата во Лигата на шампионите, нешто што како што вели, го нема во Тотенхем.

Интересно е што и двете екипи играа финале во ЛШ во две од последните три изданија, но загубија и не успеаја да ја освојат посакуваната шампионска круна.

 

 

- Оглас -

Најнови вести