Манчестер сити со спорен гол си го отвори патот до првото место во Премиер лигата (Видео)

Манчестер сити е нов лидер на премиерлигашката табела откако со многу мака ја победи Астон вила со 2-0. Триумфалната серија на Граѓаните беше загрозена, се мачеа на дождливото време, но во 79-тата минута Бернардо Силва даде гол по кој многу им олесна на домашните, а во финишот Гундоган од пенал стави точка.

Сити има еден бод плус од Јунајтед, а двата тима имаат по 18 одиграни мечеви. Ѓаволите вечерва со победа над Фулам може да се вратат на врвот.

Клучниот погодок на Силва беше по асистенција на Родри, а Шпанецот можеби беше во позиција офсајд пред да ја одземе топката. Од ВАР-собата не се јавија, па голот беше признат.

- Оглас -

Најнови вести