Манчестер за него плати 80 милиони евра, а тоа донесе одлични резултати

Манчестер јунајтед синоќа лесно со 3:0 го победи Дерби каунти на гости и си обезбеди место во четвртфиналето од ФА купот. Јунак на мечот беше Игало, кој даде два гола, а еднаш погоди и Лук Шоу. Игало е играчот кој пред еден месец пристигна на „Олд Трафорд“ и покажа дека е добро решение за во нападот.

Сепак, главната работа Манчестер во зимскиот преоден рок ја направи со доведување на Бруно Фернандеш од Спортинг. Тоа е играчот кој повеќе од една година беше цел на англискиот гигант, а сега конечно го облече црвениот дрес за трансфер вреден 80 милиони евра.

Откако Фернандеш пристигна на „Олд Трафорд“, Манчестер јунајтед нема ниту еден пораз. Португалецот одигра седум меча во кои Црвените ѓаволи славеа четири пати, а три дуели одиграа нерешено. Во овој период успеаја да дадат дури 15 голови, а примија само два, што само потврдува за сигурната игра.

Доколку вака продолжи и во следниот период, тимот на Оле Гунар Солскјер ќе има реални шанси да се надева за освојување на четвртото место на табелата, кое води кон излез во Лигата на шампионите за следната сезона. Новиот предизвик за Црвените ѓаволи ќе биде неделниот дуел против градскиот ривал Сити.

 

- Оглас -

Најнови вести