Манчестерското дерби во знакот на „граѓаните“

Сити победи на првото овосезонско манчестерско дерби против „црвените ѓаволи“ со 3-1. Актуелниот англиски првак не дозволи да се повтори сценариото од лани, во кое Јунајтед по два гола негатива направи пресврт од 3-2. Овој пат, фудбалерите на Пеп Гвардиола доминираа во текот на целиот меч.

Давид Силва веќе по 12 минути му донесе водство на Сити, и тоа беше единствениот гол во првото полувреме. Агуеро кон стартот на вториот дел погоди за 2-0, а Марсијал врати барем малку надеж за гостите откако ја затресе мрежата на Едерсон од белата точка во 58-та минута. Конечните 3-1 ги постави Гиндоган во 86-тата минута.

Сити со овој триумф одново се врати на врвот на табелата, со 32 бода, два повеќе од Ливерпул, додека Јунајтед со четвртиот пораз по 12 натпревари останува на осмата позиција со 20 бода.

Арсенал на „Емирати“ се спаси од пораз против Вулверхемптон при конечни 1-1. „Волците“ на големо изненадување поведоа преку Кавалјеро во 13-тата минута, додека Мхитаријан дури во 86-тата минута израмни на 1-1. „Волците“ во последната минута можеа да направат сезнација, но ударот од далечина на младиот Гибс-вајт заврши во дирекот од голот на Лено.

 

- Оглас -

Најнови вести