Манчини доби помош, Белгија разоткриена пред дербито

Италијанскиот новинар Анџело Мањијанте на „Скај спортс“ објави дека Кевин де Бројне ќе биде во почетниот состав на Белгија за четвртфиналното дерби против Италија на Европското првенство.

Главниот организатор на играта на Белгијците се повреди во осминафиналниот дуел против Португалија, исто како Еден Азар, па двајцата беа неизвесни дали ќе може да ѝ помогнат на репрезентацијата во клучниот меч. Oд таборот на белгиската селекција не сакаа да потврдат дали ѕвездата на Манчестер сити воопшто ќе игра, но нивната тајна е разоткриена.

Според Мањијанте, Де Бројне ќе игра и тоа како стартер, но за Азар нема информации и може да се заклучи дека офанзивецот на Реал Мадрид сепак не закрепна навреме.

Дербито се игра вечерва во 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести