Манчини има луда идеја за ЕП 2020 година

Италија успеа да се пласира на Европското првенство што ќе се игра следната година, а селекторот Роберто Манчини најави дека ќе им даде шанса на помладите играчи во продолжение од квалификацискиот циклус, но и дека ќе се обиде да врати два аса од класата 2006.

„Да, сакам да ги вратам Џиџи Буфон и Даниеле де Роси во репрезентацијата. Тие се единствените двајца фудбалери од генерацијата 2006 што ја освоија светската круна, а се уште настапуваат. Имаат искуство и квалитет да ни помогнат да ја оствариме целта“, изјави Манчини.

Голманот Буфон има 41 година, а во Јувентус најчесто му е резерва на Војчех Шчесни. Даниеле де Роси се пресели во Аргентина во редовите на Бока јуниорс, а моментно не игра поради повреда. Има 36 години, а гигантот од Аргентина му е само вториот клуб за кој настапува по Рома.

И двајцата играа на Мундијалот во Германија во 2006 година, кога Италија ја освои четвртата светска титула, по победата против Франција на пенали.

Буфон беше еден од јунаците на „Олимпискиот“ стадион во Берлин во финалниот меч, а Де Роси влезе како резерва по еден час игра.

 

- Оглас -

Најнови вести