Манчини: Интер веќе е на нивото на Јувентус

Во италијанската Серија А се одиграа една третина од мечевите сезонава, а само Милан и Јувентус останаа без порази. Росонерите се лидери со 31 бод, а потоа следуваат Интер со 30 бодови и Јувентус со 27. Селекторот на италијанската репрезентација, Роберто Манчини, вели дека првенството е возбудливо и дека Јувентус веќе ја нема предноста како што ја имал во претходните сезони.

„Шампионатот се одвива многу интересно и неколку клубови се во мал број растојание. Јувентус повторно е многу силен, Милан игра одлично, Наполи и Рома исто така имаат добра сезона. Лацио полека влегува во ритам, а Чиро Имобиле е во одлична форма. Се надевам дека ќе го задржи тој ритам и на Европското првенство следната година. Јувентус уште го има најдобриот тим во лигата, но Интер веќе дојде на негово ниво и ќе биде многу интересно до крајот на сезоната“, вели Манчини во својата анализа за сезоната во Серија А.

Јувентус вечерва на свој терен игра против Фиорентина, а останатите конкуренти за титулата своите мечеви од 14-тото коло ќе ги играат утре.

 

- Оглас -

Најнови вести