Манчини израмни рекорд стар 80 години

Фудбалската репрезентација на Италија со убедливите 5-0 на вчерашното гостување кај Лихтенштајн го осигури пласманот во групната фаза од ЕП 2020. Аѕурите ја остварија осмата победа од исто толку натпревари во квалификациите, па како првопласирани од група Ј ќе бидат меѓу 24-те учесници на континенталниот собир в година.

Овој трумф има посебно значење за селекторот Роберто Манчини. Ако се брои и пријателската средба против САД пред една година, Италија запиша девет последователни победи под палката на Манчини, израмнувајќи ги рекордот на легендарниот селектор Виторио Поцо.

Поцо ја предовдеше Италија до девет победи во низа во сезоната 1938/39, во походот кон првата светска титула, а 80 години подоцна Манчини застанува рамо до рамо со тренерската икона на Аѕурите. Импресивен е и учинокот на италијанскиот состав под водство на Манчини, во деветте победи постигнаа 25 гола, а примија само три во својата мрежа.

Со оглед на тоа дека до крајот на квалификациската фаза остануваат уште два меча во ноемврискиот циклус, Манчини и Италија ќе имаат прилика против БиХ и Ерменија да постават нов рекорд.

- Оглас -

Најнови вести