Манчини ја „смени лентата“, сега ги чека и репрезентативците од Интер

Италијанскиот селектор Роберто Манчини изјави дека чека на подготовките на националниот тим да се појават и играчите од Интер, иако претходно се појавија информации дека ќе ги поштеди, поради тоа што кај Нераѕурите има четворица заразени од коронавирус.

Но, после денешните негативни тестови кај сите, клубот од Милано на странците им дозволи да отпатуваат, па сега и Манчини се премисли, и вели дека штом е така, нема зошто и тројцата Италијанци кои тој ги стави на листата, да не се придружат.

„Слушнав дека играчите од Интер може да излезат од карантин и да им се приклучат на своите репрезентации. Затоа, оптимист сум дека Бастони, Барела и Сенси ќе ни се приклучат“ – рече селекторот на Аѕурите.

Италија во мартовскиот циклус игра со Северна Ирска, Бугарија и Литванија.

„Првиот меч ќе биде најтежок, Ирците се физички многу силни. Не сме играле пет месеци, но немаме право на грешка, ни треба силен старт на квалификациите“ – вели Манчини.

- Оглас -

Најнови вести