Манчини: Ќе играме против можеби најдобриот тим во светот

Италија игра одлично на Европското првенство, но дури сега треба да покаже шампионски квалитет ако сака да се надева на шампионскиот пехар. Белгија е ривалот на Аѕурите во четвртфиналето, а селекторот Роберто Манчини вели дека тоа е можеби и најтешкиот ривал што можеле да го добијат.

„Ова е важен меч за двете селекции. Верувам дека тие се подготовени, но и ние сме. Во последните три години тие се на првото место на светската ранг-листа и со право може да се каже дека се меѓу најдобрите. Можеби заедно со Франција тоа се двете најсилни селекции во светот. Ги почитуваме, но ние ќе ја играме нашата игра и ќе се обидеме да победиме“, рече Манчини.

Белгијците имаат проблеми со составот и можно е во четвртфиналето да бидат без двајцата најдобри фудбалери.

 

- Оглас -

Најнови вести