Манчини го засили стручниот штаб за баражот со Македонија, се врати познатиот лик и легенда на Рома

Роберто Манчини пак ќе го има истиот стручен штаб што му помогна да стане европски првак со Италија, за бараж дуелот на 24. март против Македонија.

По заминувањето веднаш откако беше освоена европската круна минатото лето, во таборот на популарните Аѕури се врати легендата на Рома, Даниеле Де Роси.

Де Роси си замина по големиот успех на ЕП и освоената шампионска круна со Италија, со намера да почне тренерска кариера, носега се пишмани и му се стави на располагање на Манчини за баражот против нас.

Ќе им гостуваме на четирикратните светски прваци на 24. март на „Ренцо Барбера“ во Палермо на првиот од двата потребни чекори, односно победи за настап на Светското првенство во Катар, што ќе се игра во ноември и декември оваа година.

Ако ја победиме Италија, повторно ќе бидеме гости во финалето на бараж пакетот, против победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција.

 

 

- Оглас -

Најнови вести