Манчини ќе стане почесен граѓанин на Шкотска?

Шкотскиот весник The National, кој се бори и пропагира независност за Шкотска, пред финалето на ЕВРО 2020 на насловната страница имаше монтирана фотографија од Роберто Манчини како главниот лик од филмот „Храбро срце“ и ударен наслов: „Спаси нè Роберто, ти си нашата последна надеж“.

Сега откако Италија ја победи Англија, шкотските националисти можат да продолжат со „тролање“ на соседите, а во истиот весник сега излезе нов предлог: на селекторот Манчини, чиј тим не дозволи Англија да биде европски првак, да му се даде титула почесен граѓанин на Шкотска. На насловната се гледа и како Манчини седи во авион со примерокот од шкотскиот весник од пред финалето.

- Оглас -

Најнови вести