Манчини се загрева за баражот со Македонија, повика 35-мина фудбалери во кампот во Коверчано (Фото)

Роберто Манчини и Италија полека се загреваат за бараж-дуелот со Македонија на 24 март во Палермо, а селекторот на Аѕурите денеска објави список од 35-мина фудбалери кои ќе имаат мини-подоготовки од 26 до 28 јануари во познатата база во Коверчано.

Дел од нив за првпат се во репрезентацијата на Италија, но има и репрезентативци кои сигурно ќе бидат на списокот на Манчини за бараж-дуелот со Македонија, прв од предвидените два на патот кон Светското првенство во Катар.

Победникот од дуелот во Палермо на 29 март ќе ѝ гостува на селекцијата на Португалија, или на Турција, зависност од тоа кој ќе го добие бараж-натпреварот што ќе се игра во Португалија исто така на 24 март.

 

- Оглас -

Најнови вести