Манчини: Сонувам титула на СП, со гол на Жоржињо од пенал во финале против Бразил

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, сигурен е дека неговата репрезентација ќе биде учесник на Мундијалот во Катар, и не само тоа, туку сон му е и освојување на светска титула.

Манчини кој треба да ги подготви својот тим за мартовскиот бараж против Македонија, и евентуално после тоа за дуел со Португалија или Турција, гледа многу далеку, во декември, и сонува светска титула, и тоа не на било каков начин.

„Сонувам како го освојуваме Светското првенство, со победа против Бразил во финалето, и решавачки гол на Жоржињо од пенал“ – вели Манчини.

Жоржињо кој е Бразилец со италијански пасош, има серија од три утнати пенали по ред во дресот на Италија, и поради тие утки Аѕурите може да останат без пласман на СП.

После мечот со Швајцарија кога не реализираше пенал за победа на Италија и пласман на Мундијалот, Жоржињо има низа од шест погодени пенали.

- Оглас -

Најнови вести