Манчини загрижен што повторно им се паднала Македонија

Селекторот на италијанската репрезентација, Роберто Манчини, се јави со реакција после ждрепката за квалификациите за Европското првенство 2024 година.

Италија е актуелен европски првак, а ќе има тежок пат до пласман на ЕВРО 2024, бидејќи треба да биде прва или втора во група во која ќе бидат и Англија, Украина, Македонија и Малта. Аѕурите со Англија играа финале на ЕП минатата година, а од Македонија загубија во баражот за Мундијалот во Катар.

„Немаме среќа со ждрепките во последно време, од вториот и четвртиот шешир ни се паднаа многу тешки противници. Бев сигурен дека ќе ни се падне Англија или Франција од вториот шешир. Украина е добра, со нив ќе биде емотивно, со Македоинја видовме што се случи во Палермо“ – рече Манчини кој претчувствуваше дека ќе се паднат во силна група.

 

- Оглас -

Најнови вести