Манџукиќ е лошо момче со меко срце: Последните три плати од Милан ќе ги донира во клупската фондација

Марио Манџукиќ имаше кратка епизода во Милан во која успеа да ги придобие симпатиите на Росонерите со еден голем гест. Имено, Манџукиќ се откажа од платите за март, април и мај, а целата сума ќе ја донира во фондацијата на седумкраниот европски првак.

При доаѓањето на „Сан Сиро“, искусниот хрватски напаѓач не можеше да ја пронајде формата поради што често се повредуваше, а кога му беше на располагање на Пиоли, во главно добиваше шанса од клупата за резерви.

Од средината на февруари се мачеше со мускулна повреда по што Манџукиќ го пропушти завршниот дел од сезоната, па можеби поради тоа се одлучи да се откаже од примањата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести