Манџукиќ и Рибери може повторно да бидат соиграчи

Некогашниот хрватски репрезентативец, Марио Манџукиќ се очекува во скоро време повторно да се врати во италијанската Серија А. Манџукиќ неодамна го одработи договорот за Ал-Духаил во Катар и сега како слободен играч е на мета на повеќе клубови.

Манџукиќ во периодот од 2015 до 2019 година со успех го носеше дресот на Јувентус, па затоа и се очекува дека најреално е повторно да се врати во Серија А. Беневенто, Верона, па дури и Интер се споменуваа како можни нови клубови за Марио, а сега на листата се вмеша и Фиорентина.

Адут на Фиорентина е легендарниот Франк Рибери кој по една деценија играње во Баерн Минхен, сезонава го облече дресот на Виолетовите. Рибери и Манџукиќ беа соиграчи во Баерн и сега Французинот може да го наговори Хрватот повторно да бидат во ист тим.

 

- Оглас -

Најнови вести