Манџукиќ конечно се насмеа

Ако сте заборавиле како изгледа насмевката на Марио Манџукиќ, не сте единствените. Поради сериозниот карактер на хрватскиот фудбалер, своевремено во Јувентус тој доби прекар „Господин недобар“.

Агонијата на Манџо во Торино е завршена. Тој направи трансфер во катарски Ал-Духаил, клуб кој е формиран пред 10 години. Таму 33-годишниот Манџукиќ ќе земе 12 милиони евра за 18 месеци престој.

Вчера Хрватот се појави во Катар и позираше со навивачки шал, а на неговото лице имаше и насмевка. Катарците го дочекаа со венец од рози околу вратот.

 

- Оглас -

Најнови вести