Садио Мане е најбрз голгетер во историјата на ЛШ

Сенегалецот Садио Мане со првиот гол кој го даде синоќа во Минхен влезе во историјата на Лигата на шампионите како фудбалер кој најбрзо стигнал до бројка од 12 погодоци во елитното клупско натпреварување.

На Мане му требаа 19 меча во ЛШ за да дојде до бројка од 12 гола, а бидејќи беше двоен стрелец, сега има и 13 гола на 19 настапи.

За споредба, најдобриот стрелец во историјата, Кристијано Роналдо, до својот 12-ти гол во ЛШ дојде дури по 47 одиграни средби (оттогаш наваму има 115 гола на 121 настап). Лионел Меси 12-тиот гол го даде на 25-тиот меч. Побрзи од него беа Нејмар и Фалкао на 21-виот меч, како и тројцата кои до синоќа беа рекордери, Роналдињо, Кавани и Луис Суарес, кои на 20-тиот меч во ЛШ во нивните кариери имаа дадено 12 гола.

Со 7 гола дадени на гостински терен, Мане стана и клупски рекордер на Ливепрул. По шест гола на гости имаа дадено Џерард и Фирмино, а сега ги престигна Мане. Во нокаут-фазата Мане има 9 гола на 13 меча, што е 69 проценти успешност.

- Оглас -

Најнови вести