Мане е уверен во титула: Не е проблем да играме против Салах и Египет во финалето бидејќи ќе ги победиме

Репрезентацијата на Сенегал со победата од 3:1 над Буркина Фасо се пласира во финалето на Африканскиот куп на нациите.

Со головите на Абду Дијало, Идриса Гана Геје и Садио Мане, еден од најголемите фаворити немаше проблеми да се пласира во финалето и да се бори за големиот трофеј.

Таму ќе игра против подобриот од Египет и Камерун, коишто вечерва од 20:00 часот ќе ги одмерат силите во големото дерби.

„Едноставно, немам желба против некого да играм во финалето, но нема да ми биде проблем и да се соочам против Салах и Египет таму бидејќи ќе ги победиме.

Секако дека ќе го гледам натпреварот бидејќи тој ќе биде еден од најинтересните на ова натпреварување“, изјави Мане по победата над Буркина Фасо.

Двајцата фудбалери на Ливерпул имаат одличен турнир зад себе и се најдобрите играчи во Сенегал и Египиет и доколку титулата ја освои некоја од овие селекции, тогаш тие со сигурност ќе бидат прогласени за најдобар играч.

- Оглас -

Најнови вести